Суперлига

МЗТ Скопје изгоре во печките на Фени индустри

Тимот на Фени индустри уште еднаш се покажа како кошмар за шампионот МЗТ Скопје оваа сезона, откако кавадарчани во четвртиот меч ја забележаа и третата победа над тимот од Аеродром со 73:69. „Металците" отпатуваа за Кавадарци охрабрени по големата победа на вечното дерби со Работнички, но овојпат одиграа далеку под своите можности во салата "Јасмин".

Првото полувреме мина во израмнета екипа на двете екипи, при што Фени индустри замина на одмор со минимална предност оддва поени 37:35. „Металците" на стартот од третата четвртина го запреа најдобриот играч на домаќимите Вуд, но затоа во ритам влезе Кемп, кој реализираше неколку напади и овозможи предноста на Фени да почне да расте. Во последниот период Фени направи предност од десет поени и заслужено стигна до победата.

Вуд со 26 поени, 8 скокови и 4 асистенции беше главна фигура на овој меч, 13 пони за Фени постигна Кемп, додека најефикасен кај МЗТ беше Синовец со 12 поени.

Важна победа вечерва остварија и кошаркарите на Куманово, кои како гости го совладаа Кожув со 86:84 во Гевгелија, со што речиси и теоретски го осигураа пласманот во доигрувањето. Караџовски со 23 поени и седум скока беше најефикасен на средбата, Урош Луковиќ со 17 поени и 14 скока и Александар Костовски со 15 поена беа творците на големата победа на Куманово, додека кај домашните најмногу се истакнаа Златко Гоцевски со 21 и Миладин Пековиќ со 18 поени.

Во последниот натрпеварод 7. коло Работнички го совлада Карпош Соколи со 81:73

Поврзани

Најнови вести

Коментари