Конечно потпиша за "металците"

МЗТ Скопје го договори Игор Пенов

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Игор Пенов, е последното засилување на актуелниот шампион МЗТ Скопје пред стартот на новата сезона во АБА лигата

Развојот на настаните е сосема очекуван, откако трансферот беше познат уште при самото заминување на Пенов од Карпош соколи, притоа крилниот играч во меѓувреме и настапи на неколку пријателски натпревари на „металците", чекајќи го комплетирањето на трансферот.

Станува збор за договор од отворен карактер, што значи дека играчот може да замине во ситуација да добие друга понуда од странство или од домашен клуб, секако во договор со управата на „металците".

За Пенов ова е враќање во таборот на МЗТ Скопје каде што претходно имаше две различни епизоди и тоа во периодот помеѓу 2004 и 2006 година односно 2010 и 2012 година. Изминатите три сезони ги мина во дресот на Карпош Соколи, а уште има играно и за АМАК-СП, Вардар осигурување и Кожув.

Поврзани

Најнови вести

Коментари