Кошарка

МЗТ Скопје ја прифати оставката на Митев, Јончевски нов тренер

Челниците на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје - Аеродром на својата интернет страница објавија дека ја прифатија оставка на тренерот Боби Митев и тој веќе нема да го предводи тимот од Аеродром.

МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на тренерот Митев за вложениот труд во периодот додека беше помошен и прв тренер на тимот, и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

Во наредниот период тимот ќе го предводи Александар Јончевски. Тој дебито на клупата на македонскиот шампион ќе го има в петок, кога „металците" ќе му гостуваат на незгодниот унгарски тим, Солнок.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари