logo
logo
logo

Муса Дембеле колабирал на тренинг на Атлетико, пренесен во болница (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Vecer | 23.03.2021

Муса Дембеле колабирал на тренинг на Атлетико, пренесен во болница (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Муса Дембеле ги загрижи љубителите на фудбалот откако на денешниот тренинг паднал во бесознание.

Дембеле колабирал во текот на тренингот на мадридскиот тим.

Тренирал со остатокот на играчите кои и натаму се во Мадрид за време на меѓународната пауза, а сите ги шокирал откако паднал на тревата.

Според извештаите 24-годишниот играч за момент изгубил свест, но подоцна успеал самиот да го напушти теренот. Моментално е во болница каде што ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk