logo
logo
logo

Мурињо: Важните играчи се криеја кога напаѓавме, а судијата направи огромна грешка

Vecer | 15.03.2021

Мурињо: Важните играчи се криеја кога напаѓавме, а судијата направи огромна грешка

Жозе Мурињо повторно во свој стил. По поразот на Тотенхем од Арсенал (1:2) Мурињо избувна против судијата, а не ги штедеше и своите фудбалери. Арсенл го доби првото дерби на Северен лондон по декември 2018, а ги освои бодовите против 10-те играчи на Тотенхем.

Тотенхем е на седмото место во Премиер лигата, шест поени помалку од четвртопласираниот Челзи.

„Немаше пресинг, немаше интензитет. Кога одевме во напад, некои важни фудбалер се криеја. Во второто полувреме моравме да менуваме нешто и тоа го направивме. Она што го немавме во првиот дел, го имавме во вториот – ја контролиравме играта. Кога создававме шанси и се обидувавме да победиме судијата ја донесе онаа лоша одлука. Свирна пенал и го исклучи Ламела. Дека одлуката е погрешна би се сложиле сите освен фановите на Арсенал со сезонски билети. Секој си има своја верзија.

Кога судијата свирна пенал ја погледнав ситуација на мојот таблет. Тоа беше грешка на Оливер. Играчите се изморија од толку многу натпревари, тренерите се изморија, можеби и судиите се изморени? Тој имаше натпревар во текот на неделата и затоа можеби е изморен (зборува со иронија). Вообичаено немам среќа кога тој е на теренот, затоа што рекордот на свирени пенали е импресивен“, изјави Мурињо.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk