Мурињо: Тоа е фудбалот, утре е нов ден, нема време за драма

epa06601616 Jose Mourinho, manager of Manchester United, reacts during the UEFA Champions League Round of 16 second leg soccer match between Manchester United and Sevilla FC held at Old Trafford, Manchester, Britain, 13 March 2018. EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо не бараше оправдувања за поразот на неговиот клуб од Севилја и елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Нормално дека првиот гол ќе беше екстремно важен, не само по резултатот од првиот меч, туку поради тоа што се работи за Лига на шампионите. Се обидовме да бидеме агресивни од првата минута, но не постигнавме гол, и Севилја полека ја држеше топката и ја контролираше играта. Имавме неколку добри шанси, но откако тие постигнаа гол, сè стана многу поемоционално. Вториот гол ги направи работите невозможни. Имавме добри периоди, немавме голема контрола на натпреварот, но немаше ништо лошо во моите играчи и нивната желба за борба“, изјави Мурињо.

Тој, сепак, не ја сфаќа елиминацијата толку сериозно, иако таа значи дека Манчестер јунајтед сега е во „игра“ за само една титула – таа од ФА купот, каде што се четврт-финалето.

„Тоа е фудбалот, загубивме, но утре е друг ден, а во сабота имаме нов меч. Среќен сум што играчите не ја криеја својата тага, но навистина немаме време за драма“, додаде Мурињо.

Фото: ЕПА

Бен Једер и Севилја го замолчеа „Олд Трафорд“! (видео)

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари