logo
logo
logo

Мурињо: Не ме интересира историјата!

Vecer | 19.05.2023

Мурињо: Не ме интересира историјата!

Во финалето на Европската лига (31. мај) во Будимпешта силите ќе ги одмерат Рома и Севиља, на овој меч ќе биде испишана историја. Фудбалерите на Севиља до битката за трофејот дојде на сметка на Јувентус, додека Рома го елиминираше Баер Леверкузен.

Шпанскиот тим е рекордер во ова натпреварување, има скор „шест од шест“, додека тренерот на италијанскиот клуб, Жозе Мурињо никогаш нема изгубено европско финале.

Во Лигата на шампиони, Португалецот освои пехар со Порто и Интер, додека во Европската лига со Порто и Јунјатед, а во Конференциската лига со Рома.

Иако пред него е нова историја, Мурињо изјави дека тоа најмалку го интересира.

„Не ми е важно дали ќе испишам историја. За мене е важно да им помогнам на овие момци да пораснат, да научат како да остваруваат големи резултати. Исто така важно ми е да направам сите навивачи да Рома да се чувствуваат убаво, тие ми дадоа многу уште од првиот ден кога дојдов во овој клуб. Мојата радост за пласманот во финале е неизмерна“, рече Мурињо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk