Мурињо му порача на Реал: Де Хеа не е на продажба

epa06598075 Manchester United's head coach Jose Mourinho (L) reacts with Manchester United's Juan Mata (C) and David De Gea (R) during a training session held at the AON training complex in Manchester, Britain, 12 March 2018. Manchester United will face Sevilla in the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match held at Old Trafford, Manchester, Britain on 13 March 2018. EPA-EFE/Peter Powell .

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, му порача на својот поранешен клуб Реал Мадрид да „размислуват за друг играч“ и да не се обидува да го донесе Давид де Хеа во Мадрид и покрај тоа што во август 2015 година тој беше на чекор до „кралскиот клуб“.

Реал постојано покажува интерес за шпанскиот голман, но откако пропадна неговиот трансфер во 2015, тој потпиша нов договор со „ѓаволите“ за да остане до летото 2019 година, со опција за продолжување за уште една година.

„Според мене, Давид останува во Манчестер. Не ги знам намерите на Реал Мадрид, но да бев на нивно место, би размислил за друг играч“, вели Мурињо за шпанскиот ТВ канал „Ла секста“.

Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година.

Фото: ЕПА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари