Жозе Мурињо и се е кажано. Човек кој секогаш знае да биде во центарот на вниманието. Па така и кога неговиот тим, во случајот Тотенхем, има катастрофални резултати.

Жозе ко Жозе. Знае да го отргне притисокот од себе со шокантна изјава, па така сега медиумите информираат за таа негова изјава, а не за лошите резултати на неговиот клуб.

“Посебниот“ на критичарите, кои од ден на ден се се повеќе, им порача:

“Не верувам дека било кој би расправал за ракетите со луѓе од НАСА, но затоа многумина мислат дека можат да си дозволат да водат расправа со мене на фудбалски теми. Да водат расправа со еден од најдобрите менаџери во светот“ вели Жозе.

На тие што го обожуваат тој исто така им прати порака:

“Им благодарам. Јас нив ги нарекувам Мурињисти, тие ми даваат сила. Секој натпревар го играм за нив“.

sportmedia.mk