logo
logo
logo

Мурињо ја добил првата понуда после отказот од Тотенхем

Vecer | 21.04.2021

Мурињо ја добил првата понуда после отказот од Тотенхем

Додека траеше хаосот околу Суперлигата на Европа, Жозе Мурињо доби отказ во Тотенхем, а во меѓувреме лондонскиот клуб го назначи 29-годишниот Рајан Мејсон за тренерската позиција до крајот на сезоната.

Мурињо не успеа да го трансформира Тотенхем во шампионска екипа, а испаѓањето од Лига Европа и слабите настапи во Премиер лигата веројатно му пресудија (некои споменуваа дека неговото противење за формирањето на Суперлигата било клучно за отказот).

А за Жозе стигнала и првата понуда. Според „Сан“ трофејниот шкотски клуб Селтик го контактирал португалскиот стратег и планира да му даде богат договор доколку сака да дојде во Шкотска.

Селтик ја прекина доминацијата оваа сезона во Шкотска. На тронот се искачи Ренџерс, па „зелено-белите“ бараат враќање на тронот и засилување на екипата. И тие немаат тренер, па сакаат да си ја испробаат „среќата“ со Мурињо. Португалецот беше во топ-клубови, ќе видиме дали ќе прифати да работи во великанот на европскиот фудбал но во неатрактивна лига.

Во Шпанија пишуваат дека Мурињо е во плановите на еден тамошен клуб. Газдата на Валенсија, Питер Лим не е задоволен од сезоната во која нема да биде на место кое води во Европа, па е решен да направи коренити промени. Хави Грaсија во моментов кормиларот на Валенсија со сигурност заминува на лето, а наводно Мурињо е на списокот за негов наследник.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk