Жозе Мурињо го запиша можеби најтешкиот европски пораз. Тој немаше сила и идеја како да ги мотивира своите момци и да го извлече Тотенхем од калта во која се најде. Поразот од 3:0 долго ќе го памети португалскиот стручњак, може и да се покаже како пресуден и тој уште утре да биде надвор од клубот.
Португалецот сфати дека е надигран на „Максимир“ и тоа го прифати. По завршување на мечот Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо и им даде аплауз на играчите.
А играчите на Динамо му се заблагодарија на англиски јазик.
sportmedia.mk