logo
logo
logo

Мурињо до новинарка: Прашањето е добро, но не заслужуваш одговор

Vecer | 05.02.2021

Мурињо до новинарка: Прашањето е добро, но не заслужуваш одговор

Тотенхем на домашен терен беше совладан од Челзи со 1-0 во последниот меч од 22. коло во Премиер-лигата и падна на седмото место на табелата.

Жозе Мурињо по мечот се жалеше на судиите.

„Имам добро мислење за судијата затоа можам да кажам дека не сум задоволен од неговата рбитража. Тие не победија со гол од пенал, кој не беше, затоа бевме поразени. Се мачевме во првото полувреме, но во второто бевме подобри“, рече Мурињо.

Португалецот и на оваа средба не го користеше Герет Бејл. Новинарка на „Скај Спорт“ го праша зошто тој не добил шанса и доби би рекле не толку изненадувачки одговор, барем кога станува збор за Мурињо.

„Добро прашање, но не заслужуваш одговор. Јас дава се од себе, истото го прави и Бејл и останатите момци“, рече Мурињо во свој стил.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk