„Мурињо ако нема непријател, ќе го измисли“

Тиаго Мота кој беше фудбалер на Интер кога Мурињо беше тренер на италијанскиот тим, го објаснува карактерот на Португалецот, вели дека тој ќе направи се за да победи.

Мурињо е еден од најконтроверзните тренери во историјата на фудбалот, но и еден од најдобрите. Португалецот е специфичен, а тоа го објаснува и Мота кој имаше можност да работи со него.

Mурињо има две лица, едно е среќно кога победува, и едно нервозно кога губи. Неговото расположение зависи од резултатот. Доколку тимот игра добро но загуби, тој не може да најде ништо позитивно. Но ако тимот игра лошо и победи, тогаш е задоволен, рече Мота.

Поврзани

Најнови вести

Коментари