logo
logo
logo

Муриќи тотално се „изгуби“ во Лацио, се враќа во Фенербахче?

Vecer | 23.03.2021

Муриќи тотално се „изгуби“ во Лацио, се враќа во Фенербахче?

Косовскиот напаѓач Ведат Муриќи по само една сезона во Италија најверојатно ќе се врати во Турција и тоа во Фенербахче каде што играше претходно. Муриќи од Фенер прејде во Лацио во септември 2020 година за 18,5 милиони евра плус бонуси, но досега во 25 настапи реализираше само два гола и една асистенција.

Тој падна во сенка на првиот клупски голгетер Чиро Имобиле, меѓутоа и зад другите напаѓачи Жоакин Кореа и Фелипе Каиседо. Ако Лацио не избори пласман во ЛШ идната сезона тие ќе ги стегнат финансиите, плус ќе мора да се ослободат од некои играчи. Па Муриќи ќе биде првиот што ќе биде продаден.

Па враќањето во Фенербахче е најдобра опција каде што косовскиот фудбалер реализираше 17 гола на 36 натпревари во сезоната 2019/20. Претходно беше во Ризе, Генчлербирлиги, Гиренсуспор.

Но прашање е дали Фенербахче ќе може да ја плати сумата со која Лацио го откупи. Друга опција е во англиски Барнли. До крајот на сезоната може уште некој клуб ќе се јави за неговите услуги.

The post Муриќи тотално се „изгуби“ во Лацио, се враќа во Фенербахче? appeared first on Sportmedia.mk.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk