logo
logo
logo

Мундијалот останува само сон за ракометарките, Романките убедливо во Скопје (ФОТО)

Vecer | 21.04.2021

Мундијалот останува само сон за ракометарките, Романките убедливо во Скопје (ФОТО)

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги заврши бараж мечевите за пласман на СП во Шпанија. И покрај убедливата позитива од првиот дуел, Романија одигра силно и доминантно и на реваншот, во Скопје славеше со 20-35 (10-18).

Елена Ѓорѓиевска со шест гола од 11 обиди беше прв стелец, Ливриниќ запиша четири гола, Ристовска овој пат беше стрелец на два гола. На другата страна Неагу на оваа средба имаше само два погодоци.

Добри бевме на отварањето на дуелот, поведовме со 3-1, гостинските со серија од 4-0 поведе со 3-5. Од овој момент на теренот доминираа само Романките, нашата одбрана одново не беше на нивото, голем дел од головите ги примавме од десната крилна позиција. Згорна се, Сара Ристовска беше затворена, па во првото полувреме не успеа да се запише во листата на стрелци. Најголемата негатива во овој дел беше осум гола (9-17 и 10-18).

Во 34. минута, негативата беше 12-21. Десет минути подоцна Романија дојде на плус 11 (15-26). Ова беше знак за селекторот на гостите во игра да ги стави останатите кои не добија шанса, но тие беа уште повеќе мотивирани, Македонија губеше со 18-31.

Сонот за Мундијалот останува, женската репрезентација девет години апстинира од ова натпреварување. Сега останува нашите девојки добро да се подготват за ЕП 2022 година, Македонија е еден од домаќините.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk