logo
logo
logo

Мулаомеровиќ е нов селектор на Хрватска

Vecer | 24.01.2022

Мулаомеровиќ е нов селектор на Хрватска

Како што потврди денеска Управниот одбор на Хрватскиот кошаркарски сојуз, нов селектор на машката сениорска репрезентација на Хрватска е Дамир Мулаомеровиќ.

Минатата недела Вељко Мршиќ и Хрватскиот кошаркарски сојуз се договорија за раскинување на соработката, а Мулаомеровиќ беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата и тесно соработуваше со сега веќе поранешниот селектор.

Новоизбраниот селектор е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на Босна и Херцеговина и Косово, а во хрватската репрезентација и се приклучи како помошник селектор во февруари 2020 година, во пресрет на првиот круг од квалификациите за Европското првенство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk