logo
logo
logo

Мукаетов: Скопје е подготвен за ракометен спектакл, фановите ќе уживаат во незаборавно искуство!

Vecer | 25.03.2021

Мукаетов: Скопје е подготвен за ракометен спектакл, фановите ќе уживаат во незаборавно искуство!

Пред почетокот на ждрепката за квалификациите за женското Европското првенство 2022 година, кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора, се обратија претседателите на земјите домаќини.

Првиот човек на македонската ракометна федерација, Живко Мукаетов, најави дека сме подготвени да бидеме организатори на овој голем спектакл.

„Како и во Црна Гора, така и во Македонија, женскиот ракомет има долга традиција, почнувајќи од 1930 година. ЕП во 2022 година ќе враќа спомени од минатите успеси, но ќе го искористиме за да направиме нови незаборавни моменти. Скопје е подготвен за ракометен спектакл. Едвај чекаме да ги пречекама фановите за првата и главната рунда, да уживаат во незаборавно искуство во земјата каде што ракометот е спорт број 1“, рече првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk