logo
logo
logo

Мрежата на Шкупи нечепната е 439 минути!

Vecer | 03.05.2021

Мрежата на Шкупи нечепната е 439 минути!

Со доаѓањето на Гоце Седлоски за тренер на Шкупи, покрај другите добри работи што тој ги донесе во тимот, секако дека на прво место е дисциплината и пред се подобрата игра во дефанзивата. Ако во минатото чаирчани примаа голови во серија, сега веќе не е така. Сега голманот Кристијан Наумовски нема примено гол на последните четири меча откако тимот го води Седлоски, тоа се значи 360 минути, и тие 79 минути од дуелот со Беласица, меч во кој Шкупи го загуби со 0:1, тоа значи дека мрежата на чаирчани не се тресела цели 439 минути. Што секако дека импонира. Во недела Шкупи игра со Пелистер дома, а во последното коло гостува кај шампионот Шкендија. Ете шанса оваа минутажа да се зголеми.

Јасно е дека сега во играта на Шкупи има поголема дисциплина, дека средниот ред и тоа како си ги одработува дефанзивните задачи. Единствена главоболка на Седлоски му е фактот дека реализацијата не е највисоко ниво. Да, се создаваат шанси, на пример со Македонија ЃП тимот на Шкупи имаше барем четири зицери, но гол немаше. На тоа ќе мора да работи уште повеќе, тоа го вели и самиот Седлоски. Имено на тие четири средби, на кои трофејниот стратег седеше на клупата, Шкупи постигна само три голови. Со Борец беше 1:0, со Работнички 2:0, потоа со Струга ТЛ беше 0:0 и завчера со Македонија ЃП исто беше 0:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk