logo
logo
logo

Може ли Куманово повторно да го освои „Јане Сандански“?

Vecer | 23.05.2021

Може ли Куманово повторно да го освои „Јане Сандански“?

„Мајсторка“ ќе го даде името на последниот патник во полуфиналето на плеј-офот. Куманово го врати ударот и не му дозволи на МЗТ Скопје експресно да го реши четвртфиналето, па денеска (17 часот) овие два тима немаат право на грешка, победникот оди на мегдан со Пелистер.

Кошаркарите на Куманово имаа долга црна серија кога станува збор за мечевите во Скопје, но на крајот на регуларниот дел истата ја прекинаа, што значи дека победувањето во тврдината на МЗТ Скопје не е непознато за нив.

Избраниците на Дарко Радуловиќ зад себе го имаат Куп-трофејот, кој нема да значи ништо доколку не дојдат до финалната битка за круната на сезоната – пехарот во домашниот шампионат. Имаат подобар состав од противникот, но тоа ќе мора да го покажат на дело против мотивираните кумановци.

Претходно во полуфиналето место обезбедија Пелистер, Работнички и Еуроникел, откако ескпресно со 2-0 го решија четвртфиналето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk