logo
logo
logo

Можат ли “пандевци“ да ја сопрат пролетва непобедливата Шкендија?

Vecer | 14.04.2021

Можат ли “пандевци“ да ја сопрат пролетва непобедливата Шкендија?

Денеска од 13 часот се играат сите шест натпревари од 27.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде на Арената, каде се среќаваат Вардар и Ренова во битка за спас од најлошото, исто така фудбалска “војна“ ќе се води и во Битола за избегнување на баражот, а се среќаваат Пелистер и Силекс.

Сепак се чини дека дербито на колото се игра под Шара, каде се среќаваат Шкендија, веројатно идниот шампион и Академија Пандев, финалистот во Купот на Македонија, екипа која се уште ја нема избегнато опасната зона на табелата во ПМФЛ.

Шкендија оваа пролет е непобедлива, на осумте меча има само две ремија и шест победи. Во серија е од четири победи во низа, игра добро, реално титулата на тетовци им е на дофат. “Пандевци“ имаат добра екипа, знаат како против фаворитите, веројатно имааи и мотиви до небо и нема да биде изненадување како и да заврши ова дерби на 27.коло.

ЛАВОВИТЕ“ ОЧЕКУВААТ НОВИ БОДОВИ

По триумфот над Беласица во неделата, и тоа среде Струмица, Македонија ЃП како да се “извади“ по сите оние лоши резултати во последно време. Струга ТЛ и Работнички притискаат, и ако сакаат излез во Европа и задржување на тоа трето место тогаш “лавовите“ денеска во Ѓорче ќе мора да го победат Борец. Тим кој исто така посакува бодови, и тим кој докажа и покажа дека може да се носи со секого.

Струга Трим Лум и Работнички попладнево ќе водат директна битка за тоа 4.место, кое за нивна жал нема да носи излез во Европа. Прво ќе мора една од овие две екипи да има победник, за да тој победник подцна се вклучи во потера по Македонија ЃП. Во секој случај многу важен меч и за стружани и за скопјани.

Факт е дека на Шкупи никако не му оди на ФФМ. Но што е тука за чаирчани, тие денеска против Беласица ќе мора да го искажат сиот свој квалитет кој и тоа како го поседуваат.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

ВАРДАР – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk