Наполи го доби трофејот како нов шампион на Италија. Тимот од Неапол сезонава одигран доминантно, беше многу посигурен во настапите од своите конкуренти и заслужено мина прв низ целта.
Елиф Елмас е дел од овој шампионски тим на Наполи кој го направи градот да се радува на првата титула по 1990 година.
А Виктор Осимен го доби пехарот за најдобар напаѓач во Серија А оваа сезона. Тој заврши прв на листата на стрелци со 26 гола.


sportmedia.mk