logo
logo
logo

Модриќ во Реал и во наредната сезона, но за помала плата!

Vecer | 16.04.2021

Модриќ во Реал и во наредната сезона, но за помала плата!

Нема веќе дилеми. Лука Модриќ, еден од клучните играчи на Реал ќе го носи белиот дрес и во наредната сезона. Односно ќе биде дел од најголемиот светски фудбалски клуб најмалку до јуни 2022 година. Сепак треба да се каже дека Хрватот во наредната сезона ќе биде помалку платен. Ако со досегашниот договор, кој му истекува во јуни, земаше 11 милиони евра годишно, со новиот ќе зема 9 милиони. Но играчот за врска не правел никакви проблеми, сака уште да игра за Реал, сака нови трофеи, па така тој се согласил на помала плата, само да остане на “Бернабеу“.

Инаку Лука Модриќ во Реал дојде во 2012 година, и тоа од Тотенхем, и за оваа цела една деценија беше еден од најважните играчи на “кралевите“ во освојувањето на бројните титули, посебно во Лигата на Шампионите.

Ова значи дека Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој се споменуваше како наследник на Модриќ, тешко дека од Лацио ќе дојде ова лето во Мадрид. Ќе мора малку да се стрпи, Хрватот иако има 35 години, сепак уште игра во врвна форма.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk