logo
logo
logo

Модриќ: Сакам да останам во Реал и следната сезона

Vecer | 14.04.2021

Модриќ: Сакам да останам во Реал и следната сезона

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, одговори на прашањето за ситуацијата со договорот со „кралкиот клуб“, кој му истекува ова лето.

„Преговорите течат добро. Не можам да кажам ништо друго. Отсекогаш сум велел дека сакам да продолжам да играм за Реал Мадрид, дека сум среќен тука и се надевам дека ќе играм за клубот и следната сезона“, изјавил Хрватот.

Модриќ ги брани боите на Реал Мадрид од 2012 година. Како дел од мадридскиот тим, Хрватот двапати стана шампион на Шпанија, го освои Купот и три Суперкупа на Шпанија, а исто така освои четири трофеи во Лигата на шампионите, три УЕФА Суперкупа и четири светски клупски шампионати.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk