Модриќ распали по Меси и Роналдо: Се појавуваат само ако победиле

Лука Модриќ не ги штедеше Кристијано Роналдо и Лионел Меси за нивната одлука да не се појават на доделувањето на „Златната топка“, велејќи дека тоа не било фер кон фудбалските фанови и додавајќи дека за нив „трофеите имаат важност само ако тие ги добиле“.

Модриќ ја прекрати десетгодишната доминација на Меси и Роналдо во која двајцата добија по пет „Златни топки“ кога ја освои најелитната индивидуална награда во фудбалот во Париз. Меѓутоа, на церемонијата не беа ниту Меси ниту Роналдо.

„Не можам јас да објаснувам зошто некој не бил таму, тоа е нивни избор, нели? Но, изгледа дека тие ги ценат трофеите само кога ги добиваат. Не е фер кон нивните соиграчи, но ниту кон гласачите кои ги номинираа последните 10 години. Но, секој се однесува како што мисли дека треба“, вели Модриќ во интервју за „Спортске новости“.

Тој ги опиша двајцата фудбалери како „феномени“, но посочи дека „Златната топка“ е признание за фудбалерот кој имал најдобра година во фудбалот, а не за најталентираниот.

„Тука се наградува сезоната и тоа го знаат и тренерите, фудбалерите и новинарите, бидејќи гласаа исто. Или сите згрешиле во исто време?“, се прашува Хрватот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари