logo
logo
logo

Многу новинарски екипи пред „Камп Ноу“ ги снимаат апсењата (ВИДЕО)

Vecer | 01.03.2021

Многу новинарски екипи пред „Камп Ноу“ ги снимаат апсењата (ВИДЕО)

Цело утро инспектори на шпанската полиција ги претресуваат просториите на Барселона, на Камп Ноу во случајот наречен „Барсагејт“.

Се работи за истрага против поранешниот претседател Хосеп Бартомеу, и неколку членови на раководството.

Истрагата се темели на шпиунажа на поранешните и сегашните играчи и за корупција, а не се исклучува ниту перење на пари.

Пред „Камп Ноу“ се наоѓаат многу новинари кои внимателно следат што се случува. За да имаат подобри информации, ги кријат камерите и во грмушки и ги снимаат сите случувања.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk