logo
logo
logo

Шокантно признание на тенисерка:

Многу на Ролан Гарос играа со КОРОНА ВИРУС, но МОЛЧЕВМЕ за тоа!

Vecer | 29.06.2022

Многу на Ролан Гарос играа со КОРОНА ВИРУС, но МОЛЧЕВМЕ за тоа!

Француската тенисерка Ализе Корне (32) во последното интервју изјавила дека многу играчи на претходниот Ролан Гарос играле заразени со корона вирусот и дека меѓу нив имало договор да молчат за тоа.

- На Ролан Гарос многу играчи имаа проблеми со короната и се договоривме да не зборуваме ништо. Имавме треска, болно грло, продолживме да играме. Кога такви работи ќе се појават во медиумите, тогаш огнот брзо се шири и малку ме загрижува тоа, рекла Корне за „L''Ekip“ и додала:

Alize Korne

 

- Секогаш имаше играчи кои се повлекуваа заради болест, никој да не помисли дека ја потценувам короната. Има и такви со стомачни проблеми, пред неколку години имаше големи проблеми на турнир поради храната која не беше многу свежа. За оние кои имаат гастроентеритис, секако, не се воведува протокол, заклучила Корне.

Да потсетиме, бројот на случаи на Ковид во Европа повторно расте, па им создаде многу проблеми на тенисерите.

Надал остана збунет

Овие изјави новинарите му ги споменале на Рафаел Надал, кој останал изненаден, особено од информацијата дека може да се игра и со корона вирус.

„Не се сеќавам на случаи на ковид во Париз. Колку што знам, а не знам дали е тоа вистина, секој може да одлучи дали во одреден момент ќе се тестира ако има некакви симптоми. Ако си позитивен, тогаш не играш. Но, ако може да се игра позитивен... Навистина не знам“, Надал останал збунет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk