logo
logo
logo

Митровиќ до Роналдо: Лути се колку сакаш, но тоа не беше гол!

Vecer | 28.03.2021

Митровиќ до Роналдо: Лути се колку сакаш, но тоа не беше гол!

Многу врева се крена по мечот Србија и Португалија кој заврши 2:2, а истиот го одбележа детаљ од 93. минута. Кристијано Роналдо шутираше на празниот гол на Србија по грешката на Марко Дмитровиќ, но во последен момент Стефан Митровиќ ја изби топката и спречи погодок.

Португалците кренаа врева, Роналдо збесна, се налути дури ја фрли капитенската лента и изјави дека на Португалија и е нанесена голема штета. Видео снимката дава впечаток дека топката влегла во голот со целиот обем, но дефанзивецот на Србија вели дека тоа не точно.

Роналдо има свое видување на ситуацијата, може да биде лут колку сака, но мислам дека топката не влезе во голот. Ние на крајот сме среќни со резултатот. Извлековме бод после негатива од 0:2. Не сме презадоволни затоа што целта ни беше победа“, изјави Митровиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk