logo
logo
logo

Митревски се пресели во малезиски Сабах!

Vecer | 18.02.2021

Митревски се пресели во малезиски Сабах!

Ристо Митревски (29), искусниот стопер откако по само неколку дена по вторпат си замина од Алашкерт и официјално има нов клуб. Тоа е Сабах, член на елитната лига во Малезија. Навистина малку неочекувано, ако се знае дека тој на 2 февруари овој месец се договори со Алашкерт од Ерменија, за нов договор. Познато е дка пред неколку месеци и тоа поради војната на тие простори, Македонецот мораше да ја напушти Ерменија.

Сепак тоа е минато за него. Тој е официјално ново име во редовите на Сабах од Малезија.

Инаку Митревски е познат по тоа што досега во својата кариера има сменето голем број клубови. Досега бил член на Работнички, Победа, Напредок, Тетекс, Металург, Сараево, Доњи Срем, Истра, Хапоел Хаифа, Енозис Паралими, Алашкерт и сега е во Сабах.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk