logo
logo
logo

Митревски и Порто паднаа во Келце, „десетка“ на Душебаев

Vecer | 09.02.2021

Митревски и Порто паднаа во Келце, „десетка“ на Душебаев

Порто не успеа да продолжи во победнички ритам, по дуелот со Вардар 1961 на домашен терен. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски на гостувањето кај Келце беше совладан со 32-30 (19-14) за петти пораз сезонава.

Полскиот тим одигра одлично во првото полувреме, на другата страна Порто во самиот финиш испушти шанса за реми.

Домаќинот поведе со 8-2, а потоа и со 10-3. Највисоката предност ја имаше на средината на првото полувреме (13-5), на одморот беше 19-14. Митревски во овој период запиша пет одбрани.

Келце одржуваше позитива од пет до шест гола, благодарение на Волф и одличниот Алекс Душебаев. Но, гостите се разбудија, во 49. минута намалија на 26-24 (промашија за минус еден), па 29-27 и 30-38. Порто од втора конечно успеа да дојде на 30-29 на минута и пол. Кинатан одбрани, но на другата страна Корнецки спречи противникот да израмни.

Алекс Душебаев со 10 гола од 13 обиди беше прв стрелец, шест погодоци запиша Игор Карачиќ, Волф имаше осум одбрани. Митревски на крајот мечот го заврши со седум одбрани, Кинтана влезе на средината на второто полувреме.

Со првата победа оваа година, вкупно седма сезонава, Келце се изедначи со лидерот во групата А, Фленсбург кој има 15 бода. Бундес-лигашот требаше да игра со Вардар 1961 во четврток, но поради гостувањето на македонскиот тим во Порто и Ковид-протоколите во Германија, овој меч е одложен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk