logo
logo
logo

Митревски доби „зелено светло“ од ЕХФ, ќе биде во составот за Црна Гора

Vecer | 15.01.2022

Митревски доби „зелено светло“ од ЕХФ, ќе биде во составот за Црна Гора

Никола Митревски дефинитивно ќе биде во составот на македонската ракометна репрезентација за денешната средба против Црна Гора, втора на Европското првенство.

Искусниот голман вчера пристигна во Дебрецен, тој како и сите останати ракометари ќе му бидат на располагање на селекторот, Кирил Лазаров за мечот со Црногорците.

На листата која ЕХФ ја објавува после добиените резултати од Ковид-тестовите се наоѓаат сите ракометари, ова значи дека Лазаров ќе може слободно да го крои конечниот список, кој биде објавен на два часа пред мечот, кој е закажан со почеток во 18 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk