logo
logo
logo

Митев по дебито: Овој тим има потенцијал, во иднина ќе го покажеме тоа!

Vecer | 17.01.2022

Митев по дебито: Овој тим има потенцијал, во иднина ќе го покажеме тоа!

Македонската ракометна репрезентација со три порази го заврши Европското првенство, беше совладана од Данска со 21-31.

На оваа средба првите минути во „црвено-жолтиот“ дрес ги одигра Марко Митев. Тој ја доби довербата, постигна еден гол од два обиди. Меѓу другото изнуди и еден седмерец.

„Ова беше одличен меч за сите нас, Данците одиграа одлично. Ние одигравме добар меч до 45 минута, но овој тим многу потенцијал, во иднина ќе покажеме повеќе, благодорнст до фановите за поддршката. Чувството да се биде дел од најдобриот состав на Македонија. Благодарност до селекторот што ми даде шанса и што има доверба во мене“, изјави Митев на прес-конференцијата по мечот. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk