logo
logo
logo

Мистериозната смрт на италијанскиот фудбалер е РЕШЕНА ПО 32 ГОДИНИ

Vecer | 21.09.2021

Мистериозната смрт на италијанскиот фудбалер е РЕШЕНА ПО 32 ГОДИНИ

Изабела Интерно (52), поранешна девојка на италијанскиот фудбалер Донато Денис Бергамини (27), кој почина на 18 ноември 1989 година во наводна сообраќајна несреќа, е обвинета за убиство со умисла 32 години по трагичниот инцидент.

Првично се верувало дека станува збор за самоубиство кога телото на несреќниот Бергамини, кој според првичната верзија бил прегазен од камион, било пронајдено на патот во близина на градот Розето Капо Спулико во Калабрија.

Членовите на семејството, бројни новинари и поранешни соиграчи никогаш не сметале дека е веројатно таква реконструкција на настанот, бидејќи имало многу нелогичност и пропусти во доказите од самиот почеток.

Во ноември 2017 година, по дополнителна истрага по наредба на судот во Кастровилари, обдукцијата потврдила дека смртта на играчот била предизвикана од задушување (давење) пред да заврши под тркалата на камионот.

Конечно, речиси 32 години по смртта на Бергамини, неговата поранешна девојка Изабела Интерно и камионџијата Рафаело Писано се обвинети за убиство.

Според обвинителот, Интерно, која тогаш имала 19 години, го убила своето момче поради прекин на нивната врска. Откако го дрогирала, таа наводно го задавила со помош на непознати луѓе, а потоа го симулирала неговото самоубиство.

Првото рочиште за судењето е закажано за 25 октомври и се чини дека вистината во оваа приказна, која е како филм, конечно би можела да излезе на виделина.

Донато „Денис“ Бергамини беше играч од средниот ред кој својата кариера ја изгради во италијанските клубови - Имола, Руси и Козенци, во кои остави најдлабока трага во текот на пет години играње.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk