logo
logo
logo

Мислел дека е некоја шега, па после сфатил дека пропуштениот повик бил од селекторот Манчини!

Vecer | 31.05.2023

Мислел дека е некоја шега, па после сфатил дека пропуштениот повик бил од селекторот Манчини!

Федерико Басчирито, дефанзивецот на Лече за малку ќе ја пропуштел шансата да го оствари својот сон, а тоа е да биде дел од репрезентацијата на Италија за време на јунскиот циклус во Лигата на Нации.

Имено на неговиот телефон имало пропуштен повик.

Не ми беше мемориран бројот, мислев дека некој се јанува да ми честита дека со Лече изборивме опстанок. И затоа не се јавив, ни во сон не помислив дека ме барал селекторот Манчини“ вели играчот на Лече и новиот репрезентативец на Италија.

Twitter 上的SPORTbible:"Federico Baschirotto could well be the strongest player in world football 💪 https://t.co/313KD62rhD" / Twitter

Сепак имал среќа…

Си реков ако е нешто важно тогаш пак ќе ми се јават. И навистина по неколку минути добивам повик од истиот број и тој човек ми вели дека е Манчини. Јас мислев дека некој се шегува со мене. Потоа сфатив дека навистина е тој и ме праша дали сум подготвен да бидам дел од репрезентацијата. Му одговорив дека ко треба и пеш ќе дојдам на собирот“ истакна Басчирито.

Инаку Италија во квалификациите за ЕВРО 2024 е во нашата група, во септември доаѓа во Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk