logo
logo
logo

Мишов: Среќен сум за Борец, покажав и докажав дека вредам

Vecer | 10.05.2021

Мишов: Среќен сум за Борец, покажав и докажав дека вредам

Александар Мишов е убедливо најдобриот играч на тимот на Борец во последните неколку кола. Напаѓачот постигна четири гола на последните пет мечеви и е најзаслужен што во Велес и следната сезона ќе се игра прволигашки фудбал.

Борец беше со една нога во амбисот што се вели, му се закануваше банкрот, испаѓање, распад, но ете, Велешани успеаа да излезат на крај со се. И да останат прволигаши. Со победата над Ренова изминатиов викенд тоа е дефинитивно, а истата ја донесе токму првиот напаѓач кој пролетва буквално „гази“.

„Мислам дека ја оправдав улогата која ми е доверена. Да се бориш за опстанок, да собираш бодови кога истите се императив, кога е во прашање буквално опстојувањето на еден фудбалски македонски великан како Борец не е мала работа. Затоа сум презадоволен и од сопствениот учинок но и од колективниот наш како тим, како клуб“ – вели Александар Мишов за Спортмедиа па додава.

„Среќен сум поради Борец, поради клубот, соиграчите, струшниот штаб. А од друга страна сум среќен што ете јас лично по така турбулентен период за мене, повреда, менување на средина, заиграв констатно, добив минутажа и истата ја искористив, ја оправдав. Мислам дека овие голови кои ги постигнав, кажуваат нешто, кажуваат дека фудбалски вредам. Ни останува уште еден меч,  ќе го одиграме растеретено би сакал да постигна уште некој погодок, а потоа да се одмориме затоа што зад нас се навистина тешки мечеви“ – изјави Мишов.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk