logo
logo
logo

Мирсад Јонуз го пречека Инфантино на новоизградената тренинг база во Лусаил

Vecer | 26.03.2021

Мирсад Јонуз го пречека Инфантино на новоизградената тренинг база во Лусаил

Првиот човек на ФИФА, Џовани Инфантино, беше во посета на катарскиот Лусаил, каде како прв тренер работи нашиот стручњак, Мирсад Јонуз.

Во текот на вчершниот ден, Инфантино ја посети новоизградената тренинг база на ФЦ Лусаил на која следната година ќе тренираат и репрезентациите учесници на фудбалскиот Мундијал. Исто така, овде ќе се игра и финалето на СП, на само 3 километри од оваа тренинг база.

„Лусаил Иконик стадиум“ кој што се уште е во изградба, ќе има капацитет од 80.000 места и се очекува да биде готов во мај оваа година, а по завршувањето на првенството, овој стадион ке остане во сопственост на фудбалскиот клуб Лусаил, каде што е тренер Јонуз.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk