logo
logo
logo

Миркуловски: Доволно сме искусни и подготвени!

Vecer | 01.05.2021

Миркуловски: Доволно сме искусни и подготвени!

Македонските ракометари утре на домашен терен против Швајцарија ги завршуваат квалификациите за ЕП 2022 година. Иако местото е заверено, сепак репрезентативците ќе бараат триумф и на оваа средба за печат на уште еден успешен циклус во битката за континенталната виза.

„Ние сме тука 23 ракометари што е доволно да одиграме два квалитетни меча. Со Финска малку се мачевме, но се случува да промашиме неколку зицери и пенали, имаше нивниот голман добар ден, најважно е што победимве со пет разлика во лоша игра. В недела не чека Швајцарија, за нив е меч да се биде или не, а ние ќе бараме уште два бода, за првпат да имаме десет бода во квалификации за ЕП. Тие ќе дадат се од себе сигурно за да победат и да се пласираат, но ние сме доволно подготвени и искусни да ги победиме“, вели Миркуловски.

Одбраната треба да биде клучот против Швајцарија, треба да се спречат двајцата најдобри ракометари за победнички крај на овие квалификации.

„Швајцарците се многу добри во нападот, се фокусирани на нападот, би ги победиле само со добра одбрана. Го знаеме добро Енди Шмид, Рубин исто така игра во Вецлар со мене. Ако ги спречиме нив двајца, ќе се радуваме во недела“, заврши Миркуловски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk