Работнички не само што е поразен на последниот меч од турнирот во Сараево, туку и прими 71 поен за едно полувреме. Широки целосно ја разоружа одбраната на Димитар Мираковски, кој по мечот беше крајно разочаран.
„Ова е фрапирачки. Честитики до Широки, се виде дека имаат повеже нергија. Вакво нешто не знам дали се случило, некој тим да прими 71 поен. Знам дека е тешко, се играв во „балон“, но не смееме да примиме толку поени. Ова е срамно и загрижувачки. Ќе мора да анализираме, да збориме со дел од играчите, ваков пристап кон еден меч не смееме да имаме“, изјави Димитар Мираковски.
sportmedia.mk