logo
logo
logo

Мираковски: Останува да жалиме за Бања Лука и за кратката ротација

Vecer | 28.03.2021

Мираковски: Останува да жалиме за Бања Лука и за кратката ротација

Димитар Мираковски и неговите момци на Златибор со седум играчи успеаја да запишат две победи во три одиграни натпревари, и да покажат дека табелата не ја дава реалната слика за силите на неговиот тим. Напротив, според него Работнички ќе се бореше во плеј-офот, а не во плеј-аутот доколку имаше малку повеќе среќа со пандемијата коронавирус.

„Честитки до моите играчи, со ваков ростер и кратка ротација од седум играчи, одигравме три меча во шест дена, од нив добивме два, а на еден имавме шанса, навистина е за пофалба. Ќе остане жал за пропуштениот „балон“ во Бања Лука и скратениот ростер сега. Кога ќе видиме на крајот имаме пет-пет во одиграни мечеви и уште неколку кои можвме да ги добиеме, и три пропуштиме. Сигурен сум дека ако бевме во овој состав сега и плус оние играчи кои се отсутни со право можам да кажам дека ќе бевме во горниот дел на табелата. Но, нема да се жалиме, годината е ваква, се надеваме дека во завршницата кога ќе се бориме за титулата во домашното првенство ќе бидеме комплетни“.

Работнички заврши на 12 место на табелата и ќе се бори за преживување.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk