logo
logo
logo

Мираковски: Немаме време за жалење, не чека плеј-офот

Vecer | 16.05.2021

Мираковски: Немаме време за жалење, не чека плеј-офот

Кошаркарите на Работнички не успеаја да ја одбранат куп-титулата откако во градското дерби во финалето на годинешниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ загуби од МЗТ Скопје. По мечот, предводникот на центарци, Димитар Мираковски даде свој коментар за мечот.

„Одигравме два тешки меча во два дена. Мислам дека оние играчи кои беа клучни за нас немаа енергија за да се претстават во посакуваното ниво. Во одбрана немам што да им замерам, офанзивно не можевме да се пронајдеме. Имавме големи проблеми со личните грешки, секогаш кога ќе се приклучевме имавме нов проблем со прекршоците и тоа придонесе да не се вратиме целосно резултатски. Немаме време да се жалиме, затоа што од среда почнуваме со плеј-офот и ќе се обидеме да стигнеме до титулата“, вели Мираковски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk