logo
logo
logo

Мираковски: Најискусните играчи во финишот направија катастрофални грешки

Vecer | 03.03.2021

Мираковски: Најискусните играчи во финишот направија катастрофални грешки

Работнички имаше свои шанси против МЗТ Скопје, но во самиот финиш кошаркарите направија недозволиви грешки, противникот казни, а Димититар Мираковски и неговите момци останаа на двете победи од првиот турнир.

„Со МЗТ Скопје имаме одиграно многу вакви мечеви кои имаат друга енергија. Ние одигравме лош меч, се баравме себеси во текот на натпреварот, не можевме да влеземе во посакуваниот ритам, не знам дали беше поради раниот термин или нешто друго. Моравме да поставиме зона, успеавме да се вратиме и да поведеме, но на крајот најискусните играчи направија катастрофални грешки, промашен зицер и чекори на капитенот. Бевме блиску до победата, но тоа е кошарката“, изјави Димитар Мираковски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk