logo
logo
logo

Мираковски: Играчите прерано се предадоа

Vecer | 23.03.2021

Мираковски: Играчите прерано се предадоа

Работнички се врати од голема негатива на дуелот против Борац Бања Лука, но во самиот финиш немаше сили за триумф на овој исцрпувачки меч, на кој македонскиот претставник беше во некомплетен состав.

Димитар Мираковски мораше со седум играчи да му се спротистави на фаворитот, па токму таа кратка ротација беше клучна за крајниот исход на оваа средба.

„Знаеме со какви проблеми со соочуваме и каква ротација имаме. Играчите прерано се предадоа, бевме со седум играчи, направивме катастрофални грешки, на полувремето имавме 12 загубени топки. Сега гледам дека останавме на тие загубени топки. Откако кошаркарите видоа дека можат многу повеќе, заиграа подобро, се дигна самоодвербата, бевме блиску и до победа. На крајот заморот си го стори своето, ќе пробаме да одиграме подобро на следните мечеви. Оваа година е тешка за нас, сите знаеме што не снајде“, рече Мираковски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk