logo
logo
logo

Миовски за многу кратко ќе има нов тренер во Ренџерс

Vecer | 13.09.2025

Миовски за многу кратко ќе има нов тренер во Ренџерс

По денешниот пораз на домашен терен од екипата на Хартс со 2:0, нашиот репрезентативец Бојан Миовски е на пат да добие нов тренер во славниот шкотски клуб. Актуелниот тренер Расел Мартин е на чекор од отказ, откако трпението и кај навивачите и кај управата на клубот е веќе истечено.

Мартин на прес-конференцијата по денешниот пораз најавил дека не помислува да даде отказ. На „Иброкс Парк“ веќе зборуваат за големите проблеми кој тимот ги има под водство ма мартин, кој влезе во кавга и со белгискиот репрезентативец Нико Раскин, кој денеска повторно беше изоставен од составот за мечот со Хартс.

Миовски беше стартер за Ренџерс, но не успеа да дојде до шанса за погодок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk