Кошаркарите на Милвоки се пред пласман во големото НБА финале откако ја совладаа Атланта (123:112), и поведоа со 3:2 во серијата. Со тоа ги дели една победа од пласманот во финалето.

Бакси одиграа одличен натпревар и покрај отсуството на првата ѕвезда Јанис Адетокунбо.

Атланта исто така играше без Тре Јанг. Брук Лопез беше незапирлив под кошевите. Постигна 33 поени со седум скокови. Мидлтон постигна 26. Богдан Богдановиќ постигна 28 поени кај поразениот тим.


sportmedia.mk