logo
logo
logo

Милер-Левандовски 40:40, Полјакот ќе „сервира“ за победа! (видео)

Vecer | 18.05.2021

Милер-Левандовски 40:40, Полјакот ќе „сервира“ за победа! (видео)

40:40. Тоа е резултатот помеѓу Герд Милер и Роберт Левандовски во трката по соборување на рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на една сезона во Бундес лигата. Со една значителна разлика, Милер е во пензија, а Левандовски има на располагање уште 90 минути за да избие на чело и да го понесе епитетот „крал на стрелците“.

Најдобриот фудбалер на светот за 2020 година го изедначи рекордот стар 49 години на легендарниот Герд Милер. Во сабота деветката на Баерн може да избие на чело ако даде гол и на Аугзбург во последното коло од Бундес лигата.

Сепак, освојувачот на „Златната топка“ од 1970 година и двоен носител на „Златната копачка“ е далеку понапред по најмногу постигнати голови воопшто во Бундес лигата – ги има 365. На таа листа Левандовски е втор со 276 голови.

Сега малку за историјата.

Милер во сезоната 1971/72 ги одиграл сите 34 натпревари без да биде заменет. Тога постигнал 40 гола. А Левандовски сезонава одигра 28 натпревари и стигна до бројката 40 гола. Во просек Милер постигнувал гол на секои 76,5 минути, а Лева на секои 59.

Уште еден интересен податок е дека Милер во таа рекордна сезона пропуштил и три пенали со што потоа одлучил да не шутира удари од 11 метри. Левандовски е речиси непогрешлив од белата точка – осум гола од девет удари.

Многу аналитичари истакнуваат дека рекордот на Милер има поголема тежина поради безмилосните дефанзивци во тоа време за разлика од сега каде што дефанзивците мора да внимаваат на контакт. Самиот Герд пред неколку години сподели дека противничките дефанзивци го следеле дури и кога одел во ВЦ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=lDiuAVoE9mw[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk