logo
logo
logo

Милан со најмногу гостински победи во една сезона во Серија А

Vecer | 11.04.2021

Милан со најмногу гостински победи во една сезона во Серија А

Со победата на гостувањето кај Парма со 1:3, екипата на Милан впиша нов клупски рекорд, најголем број на победи на гостински терени во Серија А. „Росонерите“ стигнаа до 13. триумфи во најсилната италијанска лига. Во проценти изразено Милан има 13 од првите 15 гостински натпревари во Серија А односно успешност од 86,7%.
Вкупно гледано во петте најсилни лиги Милан стои на третото место, само Баерн Минхен стои пред нив (88,2% во 2012/13) и Атлетик Билбао (88,9% во 1932/33).

Вкупно гледано, значи мечевите со сите натпреварувања Милан има 16 победи на гостински терен изедначувајќи го својот рекорд од 2004/05 односно 1992/93.

Ибрахимовиќ кој беше исклучен против Парма заради приговор ја впиша 300. победа како играч во Топ 5 шампионатите.

Следниот гостински меч на Милан е против Лацио.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk