Милан сепак ќе игра во Лига Европа

имот на Милан, сепак, ќе игра во Лига Европа. „Росонерите" ја освоија жалбата пред спортскиот арбитражен суд (КАС) против одлуката на УЕФА да ги извади од европските клубски турнири во сезоната 2018/2019 година.

На 27 јуни, УЕФА го санкционираше седумкратниот европски шампион за кршење на финансискиот фер-плеј, поконкретно за критериумот за рамнотежа. Станува збор за периодот 2014-2017, кога Силвио Берлускони го предводеше клубот.

Другиот критериум беше дека поранешниот сопственик Јонхон Ли не успеа да даде финансиска гаранција на клубот и да се оправда пред европската фудбалска централа, од каде доаѓа неговиот капитал и како ќе ги покрие обврските.

Како што е познато, тој ги загуби „росонерите" на 10 јули. Тогаш хеџ-фондот „Елиот Менаџмент" ја презеде контролата над 18-кратниот шампион на Италија, откако Кинезот не успеа да најде 32 милиони евра за да го зголеми капиталот на гигантот од Милано и го пропушти рокот за враќање на заемот кон „Елиот Менаџмент".

Американскиот инвестициски фонд, кој управува со средства од над 34 милијарди долари, според податоците од 2017 година, се осигури дека минимум три години ќе се ангажира во развојот на клубот, откако се зборува за сериозен развој на маркетинг операциите и изградба на нов стадион.

Токму тоа беше адутот на кој „росонерите" се потпираа во рочиштето за жалбата, кое вчера траеше повеќе 12 и пол часа. Делегацијата на Милан, предводена од Марко Фасоне и претставникот на „Елиот" - Френк Твил рекоа дека клубот веќе има јасна иднина, како и финансиска стабилност.

„Росонерите" се одбранија и со тоа што УЕФА била многу мека против ПСЖ, Манчестер Сити и Интер, кои поминаа со многу полесни казни при нарушувањето на финансискиот ферплеј во последниве години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари