logo
logo
logo

Милан по 10 години слави кај Јувентус: „Росонерите“ чекорат кон ЛШ (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

Милан по 10 години слави кај Јувентус: „Росонерите“ чекорат кон ЛШ (ВИДЕО)

Милан го победи Јувентус со 3:0 во дербито на 35. коло на Серија А и тоа на гости со убедливи 3:0 и зачекори кон местата кои обезбедуваат директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. „Росонерите“ беа убедливо подобри од минатогодишниот шампион, кој одигра подпросечен меч и не успеа да погоди ниту еднаш во гостинската мрежа.

Милан тргна со гол во финишот на полувремето преку Брахим Диаз, а потоа во вториот дел доби пенал, кој Кеси не успеа да го претвори во гол за двојно водство.

Тоа не ги пресече гостите, па Ребиќ кој влезе на местото на Ибрахимовиќ во 78. минута погоди за 2:0. Капак на победата стави Томори со голот во 82. минута.

Со оваа победа Милан е трет на табелата со три бода пред Јувентус, кој останува на 5. место и се уште надвор од местата кои носат во ЛШ следната сезона. Исто така „росонерите“ ја прекинуваат негативната низа на гостувањата во Торино, каде против Јуве не знаеја за победа во Серија А од 2011 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk