logo
logo
logo

Милан му го враќа Далот на Јунајтед, има друг план за бековската позиција

Vecer | 28.03.2021

Милан му го враќа Далот на Јунајтед, има друг план за бековската позиција

Милан нема да го откупи договорот со дефанзивецот Диого Далот од Манчестер Јунатед. По завршувањето на сезоната „Росонерите“ ќе го вратат Португалецот на „Олд Трафорд“. Моментално Далот игра како позајмен во Милан и остави добар впечаток, сепак, „росонерите“ имаат друг план за бековските позиции.

Од Милан одлучиле дека приоритет им е да го донесат Елсад Хисај од Наполи. Договорот на Албанецот истекува на крајот на сезоната и тој може да пристигне на „Сан Сиро“ како слободен фудбалер. Така Милан ќе си заштеди 20 милиони евра колку што треба да му плати на Јунајтед за да го купи Далот.

За Далот сега интерес има Евертон. Се работи за играч кој дојде во Јунајтед од Порто во 2018 година откако одигра само 6 меча за првиот тим. Инаку тој е поранешен младински репрезентативец на Португалија. Да потсетиме Јунајтед за овој играч даде 19 милиони фунти. Тој одигра 35 натпревари во сите конкуренции за две и пол сезони и потоа беше испратен во Милан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk