СЕРИЈА А

Милан ќе пазарува од Реал Мадрид

Италијанскиот калчолигаш Милан иако вложи преку 200 милиони евра за засилувања ниту од далеку не ги дава посакуваните резултати. Тренерот Винченцо Монтела засега останува на клупата, но јасно е дека раководството ќе треба да доведе уште засилувања во зимскиот преоден рок.

Една од желбите на „росонерите" е Дани Себалјос, младиот фудбалер за врска на Реал Мадрид. Тој ова лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу", откако беше избран за МВП на Еврооското првенство за фудбалери до 21 година во Полска. Тој по доаѓањето во Реал Мадрид, најчесто е на клупата за резерви, а досега одигра само 111 минути и постигна два гола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари