По два последователни порази, Милан им се врати на победите. Во големото дерби на 24. коло од италијанската Серија А, „росонерите“ славеа со 2:1 на гостувањето на „Олимпико“ против екипата на Рома.
Натпреварот почна во исклуително темпо со напади и на двете страни. Милан уште по само две минути успеа да ја затресе мрежата на Лопез, но голот беше пониште н поради офсајд. Додека чекавме на прв гол видовме уште два поништени. Во 9. минута и Ибрахимовиќ погоди, но судиите повторно го поништија голот поради офсајд. Потоа следуваше и погодок за Рома кој беше поништен во 29. минута.
По сите овие возбудувања, првиот гол дојдде од пенал. Кеси на две минути пред крајот го изведе казнениот удар за „росонерите“ и го однесе гостите на пауза со предност од 1:0.
Во вториот дел Рома тргна во офанзива. Само пет минути беа доволни за домашните да израмнат и тоа со еден прекрасен гол на Верету.
Милан не чекаше премногу за да се врати во водство. Анте Ребиќ погоди во 58. минута за ново водство на гостите од 2:1. До крајот на мечот Рома се обиде во неколку наврати да израмни, но до крајот немаа среќа да освојат барем бод.
sportmedia.mk